УБК одбива да соработува со СЈО

– Повеќе пати сме влегле во УБК да разговараме со нив, но нема резултати, бидејќи не сакаа доброволно да соработуваат, решивме да влеземе со судска наредба. Остануваме до доцна во ноќта, УБК побара пауза за консултации- изјави Јанева.

-Моментално во УБК сме тројца, очекувам да се приклучат уште обвинители,- рече Специјалната јавна обвинителка.

Се водат повеќе предистражни постапки, дел по дел како оди работата така излегуваме во јавноста.

Во моментов истражуваме кој и како прислушувал во Македонија, дали УБК или странски служби, рече Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева пред Управата за безбедност и контраразузнавање.

„Влеговме во УБК, во судските наредби стои дека треба да ги преземеме сите ПИМ кои се доставени од страна на судовите, решенијата за ПИ мерки од 2008 до 2015 година и сите разговори кои ги имаат снимено во тој период. Се уште работиме на тоа, соработката оди тешко, директорот на УБК одбива да постапи, во исто време постојано е присутен, не знам по која основа, мислам на господинот Чавков. Други полициски службеници доаѓаат и излегуваат, не можеме да знаеме кои се, но ве уверувам дека јас со мојот истражителски тим и со моите обвинители остануваме до крај, додека не ги извршиме судските наредби“, рече Јанева.

Фото-СДК