Уефа официјално потврди дека со минута молчење ќе започнат сите натпревари неделава под закрила на Европската куќа на фудбалот.

Натпреварите во Лигата на шампионите и Европа лигата ќе започнат со минута молчење, оваа одлука ја донесе УЕФА денеска во пресрет на проделжението на мечевите во ЛШ и ЕЛ.

Емилијано Сала трагично го загуби животот во авионска несреќа кога патуваше на релација Нант – Кардиф, неговото тело е пронајдено и идентификувано додека по телото на пилотот Дејвид Иботсон сеуште се трага.