Украдени заштитна ограда и капаци од шахти

На новиот автопат во Србија, само десетина денови откако беше пуштен во употреба, на потегот  Љиг–Прељина , веќе се украдени 2.000 метри заштитна ограда и 20 капаци за шахти. Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура соопшти дека за кражбите е известена полицијата , која веќе спроведува истрага и трага по сторителите.

srndac

Апелираат, посебно до оние што живеат покрај автопатот, да не ја сечат или крадат оградата, бидејќи ќе одговараат кривично. Така се загрозува безбедноста на учесниците во сообраќајот, а на автопатот веќе се забележани диви животни.