Советот за безбедност на Украина донесе одлука за воведување воена состојба во траење од 60 дена, пренесе Спутник

Сепак, оваа одлука треба да ја потврди Врховната рада на Украина.

Претседателот Петр Порошенко изјави дека иако се воведува воена сотојба, нема да се изведувааат воени операции во бунтовничкиот Донбас.

Одлуката за воена состојба доаѓа по влошување на односите со Русија, откако беа запленети три украински воени бродови.

Имено, кримската воена служба, која е под руска контрола по анектирањето на полуостровот, соопшти дека три украински воени бродови ја пресекле руската граница, по што беа запленети.