Украинец и Британец загинаа по скок со параглајдери во Крушево

Според информации од МВР, двајца параглајдеристи загинаа по несреќен скок во близина на Мечкин Камен , во Крушево.

Едниот починал на местото на настанот, а другиот на пат кон болницата во Прилеп.

Двајцата се странски државјани, според неофицијални информации од Украина и од Велика Британија.

Крушево е европска мека за параглајдеристите, а таму секое лето се одржуваат и државното и европско првенство. Оваа година се прават подготовки за одржување на Светското првенство 2019 година.