Уличните кучиња во Истанбул ги покриваат со ќебиња

Во Истанбул некои луѓе покажуваат извонредна грижа за уличните кучиња на ниските температури, кои деновиве го зафатија и овој град, но и цела Турција. Пред продавниците се поставени картонски кутии каде што кучињата ги поминуваат студените ноќи, а сопствениците на дуќаните ги покриваат со ќебиња. Секако обезбедена им е и храна.

Ова нека биде поттик за солидарност со најдобриот пријател на човекот и кај нас. Не ги одминувајте уличните кучиња. Подадете им храна, направете им привремени скривалишта во ваша близина и ако можете покријте ги со некое старо ќебе што не го користите. Многу ќе помогнете за да ги преживеат поларните температури. И на кучињата им е студено. Да им помогнеме!

АКО.мк