Уметничка инсталација за поддршка на птиците

Новата уметничка акција насловена како поддршка за птиците во Скопје има  цел во овие пред велигденски денови да алармира на се поголемиот број исечени дрвја во градот (градското зеленило е намалено за 40%  само за 8 години) што освен на загадувањето и унуштувањето на амбиенталните вредности на градот, влијае на севкупниот биодоверзитет во градоот. Конкретно со уништувањето на старите и возрасни дрвја во градот не само што се уништуваат долгогодишните постоечки гнезда на птиците туку тие многу често немаат место за гнездење. Според податоците од еколошките здруженија голем број птици како славејот, песнопојките, клукајдрвците, ќосот и слични племенити птици се пред исчезнување во градот заради уништување на нивниот хабитат. Акцијата е спроведена во соработка со птиците од Скопје…:)