Унгарската снимателка осудена условно на три години затвор

Снимателката Петра Ласло од судот во Сегедин е осудена на тригодишна казна затвор, условно, затоа што на 8 септември 2015 година , во близина на унгарско-српската граница , додека снимаше, со нога сопна мигрант кој во раце држеше дете.

Ласло не присуствуваше на изрекување на пресудата, но на судиите им се обратила со посредство на видео-линк и со солзи во очи рекла дека не е виновна и дека ќе се жали на пресудата.

 

Во образложението на пресудата се наведува дека нејзината постапка е спротивна на општествените норми, а неколкупати прегледаната снимка ја демантира дека тоа го направила во самоодбрана.

Адвокатаот на Петра најави жалба и натаму тврди дека таа се почуствувачла загрозена и дека тоа го напаравила во самоодбрана.