Унгарскиот Парламент едногласно го ратификуваше Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, на покана на претседателот на Националното собрание на Унгарија, г. Ласло Ковер, денеска присуствуваше на чинот на ратификација на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО од страна на Националното собрание на Унгарија.

На гласањето се изјаснија 153 пратеника кои едногласно изгласаат „ЗА“ и ја поддржаа Ратификацијата.