Управен суд одлучува за тужба од ВМРО ДПМНЕ

Управниот суд на ден 20.12.2016 година, во совет составен од судиите:

  1. Есма Алибашиќ Јонуз – Претседател на совет
  2. Розалиа Кочковска – член
  3. Ана Герасимовска – член
  4. Тања Терзиева – член
  5. Ељмедине Асани – член

Со почеток во 12.00 часот во Канцеларија бр. 6 ќе одржи јавна седница по поднесената тужба од Коалицијата за предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија 2016 година предводена од ВМРО-ДПМНЕ за поништување на Решението на Државната изборна комисија УП1.10-487 од 16.12.2016 година заведена под УРП.бр.517/2016-известуваат од Управен суд.

Вчера судот одлучуваше по тужбите од СДСМ, а какво е решението за овие тужби ќе се знае до 19 часот.