Ураганот ,,Метју” однесе 339 животи

Светските медиуми јавуваат за невидена катастрафа предизвикана од ураганот ,,Метју” . Најмалку 339 луѓе загинаа на Хаити, а ова е најголема хуманитарна катастрофа по земјотресот од пред 6 години.

Но, официјални претставници кои ја соопштија бројката на загинати велат дека таа би можела да биде многу поголема. Најмногу од луѓето загинале од урнатите дрвја и куќи. Досега, во еден од најголемите урагани што ги зафатил овие простори, уништени се 3200 куќи, а 15000 луѓе останале без покрив над главата.