Урнебесна комедија-пародија на однесувањето и политиката на Александар Вучиќ(видео)

Во театрите во Србија се игра урнебесната комедија ,,Денеска ни е прекрасно дно’ на најпопуларниот Индексовец Миќко Љубичиќ.

Во оваа претстава Љубичиќ игра седум ликови, делумно измислени, делумно вистински од општествено-политичкиот живот во Србија.

Погледнето го делот од претставата инспириран од актуелниот премиер и претседателски кандидат Александар Вучиќ, симнат на брилијантен духовит и пародичен начин.

Претставата предизвикува неверојатен интерес на публиката, гостува на сите сцени во Србија и се бара билет повеќе.