На вчерашната проштална средба со досегашните еврокомесари Могерини и Хан и претседателот на ЕК, Јункер, владата на премиерот Зоран Заев доби пофалби за постигнатите политички успеси за двегодишниот м,андат, посебно договорите со Грција и Бугарија. Јункер уверуваше дека датумот за преговори со ЕУ ќе биде испорачан најдоцна до јули.

,, На средбата со претседателот Јункер и комесарот Хан во Брисел дознавме дека Европската комисија во известувањето за изминатиот петгодишен мандат ја смести Северна Македонија и нејзиниот успех, на листата на 20 најголеми достигнувања на Европската унија во овој период. Тоа е за нас огромно признание и уште поголем поттик.

Од претседателот Јункер и комесарот Хан добивме потврда дека нашата земја е пример за соработка и пријателство во регионот и пошироко и дека другите земји треба да го следат нашиот блескав пример, на што јас додадов дека на внатрешен план сме општество што покажува политичка зрелост и европски манири.

Целосно сме подготвени за почеток на преговорите. Сега, на потег се државите членки и институциите на Европската унија. На потег е Европа да покаже дека стои на зборот. Тој потег треба да биде јасен и исклучиво врз основа на нашите заслуги, а во интерес на развојот на Унијата и во интерес на перспективите на целиот наш регион.

Европа е силна и уникатна бидејќи секогаш знаела да води и внатрешни реформи, и политика на проширување.

Претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер честиташе на целата држава за историските чекори преземени во претходните две години. Тој истакна дека Северна Македонија е подготвена за следниот чекор, за отворање на преговорите и дека тој ќе ја брани земјата и овој став секогаш.

Еврокомесарот Хан во неговата изјава на конференцијата за медиумите во Европската Комисија во Брисел нагласи дека Северна Македонија ги исполни сите задачи што беа побарани од неа и дека сега е на ред Европскиот Совет да го исполни ветувањето од минатата година и да го потврди датумот за отворање на поглавјата, и со тоа да се гарантира мирот и просперитетот во регионот“-изјави Заев.