Успешно изведена трансплатација на бубрези

,,Лекари од Клиниките за анестезија, реанимација и интензивна нега – КАРИЛ, Урологија, Нефрологија и Институтот за трансфузиологија, уште еднаш изведоа успешна кадаверична трансплатација на бубрези.

По пауза од речиси три години, оваа е втора трансплантација на бубрези од починат донор и тоа во рок од два месеци, што е голем успех за тимот лекари кои работат на вакви зафати.

Пациентите кои ги добија бубрезите се чувствуваат добро и сѐ уште се наоѓаат на одделението за интензивна нега на КАРИЛ. На пациентите им ги честитам Бадник и Божиќ и им посакувам што побрзо да закрепнат за да бидат со своето семејство“-објави министерот за здравство, Венко Филипче.