Утринските температури во Македонија под -10 степени

Утрината на Попова Шапка се измерени -19 степени. Ниските температури се проследени со студен ветер, кој се уште го разнесува снегот кој наврна пред еден ден, па скијачките патеки не се прекриени со доволно количество снег за скијање.

Во другите делови на Македонија утрината исто така се измерени минусни температури што се гледа на метеоролошката карта од Управа за хидрометеоролошки работи.