Учениците од 1 до 4 одделение во Србија ќе одат во училиште, другите ќе имаат комбинирана настава

Кризниот штаб за справување со корона вирусот во Србија ги објави новите правила за изведување настава во време на корона криза.

Најмладите ученици од прво до четврто одделение ќе бидат присутни физички на настава во училиштата. Во едно одделение ќе има најмногу 15 ученици кои ќе седат на одалеченост од метар и половина, а часовите ќе бидат скратени на 30 минути.

Првиот ден ќе биде посветен на обука на учениците како да се однесуваат согласно протоколите за превенција од Ковид 19.

Поголемите ученици и оние од средните училишта ќе имаат комбинирана настава, физичко присуство со онлајн настава.

Се препорачува учениците да носат маски, освен можеби додека седат во школските клупи.

Наставниците ќе носат цело време заштитни маски.