Поранешната учесничка во реалното шоу ,,Чирак,, на милијардерот, сега Претседател на САД, Доналда Трамп, Самер Зервос, го тужи всушност за клевета. Таа се нашла навредена откако Трамп ја нарече лажливка по нејзините изјави дека тој сексулано ја вознемирувал, злоставувал и ја бакнувал со сила во хотелот каде е снимано неговото шоу во кое тој беше главната ѕвезда

Во изјава пред медиумите, со растреперен глас, Зервос рече дека се одлучила на тој чекор откако Трамп не сакал да ги повлече своите клевети и навреди.

 

Доналд Трамп пред десетина години продуциораше свое реално шоу во кое натпреварувачи на зададена задача  се бореа за неговата наклоност. Победникот добиваше главна награда – стажирање во некоја од неговите фирми.

Но, шоуто пропадна заради слаба гледаност.