Учителите во Флорида ќе може да носат оружје во училиштата

Законодавната власт на Флорида го одобри законот со кој учителите ќе можат да носат оружје за време на часовите. Ќе биде дозволеено носење пиштол за да се спречат евентуални напади врз учениците и масовни убиства, како што тоа беше случај изминатите години низ повеќе училишта во Америка.

На Флорида последниот таков инцидент се случи во Паркленд , кога поранешен ученик во февруари минатата година смртно застрела 17 , а рани исто толку ученици и вработени.

Сепак, оние учителои кои ќе добијат дозвола да носат со себе пиштол, ќе мора да поминат 144 часовна обука.

Американскиот претседател Трамп, смета дека вооружените наставници може најдобро да им се спротистават на евентуалните напаѓачи .

Демократите пак, сметаат дека е ова екстремно решение и неправилното користење оружје може да ја влоши кризата и да ги полицајците кои би дошле евентуално да интервенираат.