Учител – како гордо тоа звучеше

Пишува:проф.д-р Катерина Тодороска

(Децата повеќе учат од вас, како личности,

отколку од зборовите што им ги кажувате.)

           

Многупати имам пишано дека за мене професијата УЧИТЕЛ е најсветата и најблагодорната професија, во сите стадиуми на образование. А за мене, образование е учење и научување од градинка до крајот на животот. Тажно е што во совремиево, многумина повеќе љубат да бидат наставници, професори, а не УЧИТЕЛИ.

            Во мојот богат родителски живот имав можност да сретнам секакви учителки, негувателки, наставници, професори. Но, во оваа прилика ќе ви презентирам еден текст пишуван во 2012 год. Тоа беше време на возвишеност и воздигнатост на ДПМНЕ-то и време кога секој збор против нивниот севишен беше третиран како ерес, а обраќањето до министерот за труд и социјала, Спиро Ристовски, научна фантастика.

Фигуративно, во текстот му се обраќав на Блаже Конески, човекот од кој најмногу учев, а текстот го испратив во тогашниот весник „Дневник“, ама беше преобемен и не беше објавен.

„Ах, Блаже, Блаже Конески!

            Дниве ги живеам небаре во некое друго време, небаре во друг простор, небаре во друга димензија. И, одеднаш проблем. Немам соодветен збор да го искажам моето бедно, болно, јадно, разочарано постоење во ова време невреме. Ете за тоа си виновен ТИ, бидејќи не си предвидел дека нашето секојдневие ќе не фрла од дупка во бездна, па за секоја наша состојба да смислиш некој збор, соодветен  ЕДЕН – СТРОГ, да не се мачиме со реченици да си се објаснуваме. Вака, си го осакатил нашиот јазик. Да беше меѓу нас, можеби ќе молчев и ќе те величев, како што тоа го правеа потрчковците кои ти ги носев само да се видат со ВЕЛИКИОТ БЛАЖЕ. Ама, потоа си замина од овоземните простори, и набрзина други ВЕЛИЧИНИ те прозваа како предавник, џуџе од Небрегово, кариерист и што уште не. Ама не ти пишувам за тоа, ти пишувам за маката што нѝ ја остави. Нели можеше за секоја состојба, чувство, НЕШТО ….  да најдеш по неколку збора со кои би се окарактеризирало НЕШТОТО, ама поспецифично, потемелно. По примерот на Ескимите, кои имаат десетици именувања за снегот, ние би требало да имаме десетици зборови за НЕШТОТО.

            И да не исчекуваш повеќе, еве што мене ме мачи.

            Пред четири и пол месеци, моето мало девојче во градиката ДОБИ нова учителка. Само така, без најава, без подготовка на дечињата од 3 и пол години, бескрајно врзани со учителката која ги чуваше две и пол години. И никому ништо. Така решила новоименуваната ВД диркторка на градинката ,,Кочо Рацин“. Знаете присуството на децата во градинките се субвенционира од државата, па НИВНИОТ директор благословен од Партијата, може да си игра играчки со нашите деца колку сака и како сака. А тоа што ние сме возеле километри за детето да нѝ го чуваат и воспитуваат искусни и сериозни учителки, од кои сме биле презадоволни, ТА КОЈ СМЕ НИЕ? Обични, ШТО? Ете гледаш, да речам мајмуни, стока…, ни криви, ни должни ќе ги навредам животните.

            Арно ама, приказната продолжува. За начинот на новодонесената и што следеше потоа има само еден збор, ФАТАМОРГАНА, ама не е наш, туку увозен. На лице место видовме што е МОБИНГ (пак странски), од директорката кога без исклучок, сите вработени во градинката Панорама ги натера да се потпишат на писмо дека сакаат НАШАТА учителка да биде отстранета од објектот. Само затоа што, како родители, поднесовме барање до Министерство за труд и социјална политика да го разгледа случајот. И знаеш што, ОВИЕ не не ИСТАНГИРАА (пак странски) ниту како зелки, ниту компири, а за одговор на пишаното сѐ уште чекаме (три и пол месеци). Та, ВД-то е нивен кадар, ама новодонесената била уште поголем. Така, по некој месец новодонесената, поради која се РАСТУРИ групата на моето дете, ЗАМИНАЛА во друга институција, како НЕЗАМЕНЛИВ КАДАР роден 1986 год., со светлосна брзина на ВРВОТ на кариерата. Се разбира, со амин на ВД-то пак децата имаат нова учителка, а ние ја тргнавме навреме нашата ќерка од зоната за ЕКСПЕРИМЕНТИРАЊЕ.

            И сега повторно имам проблем. Како да ја дефинирам ВД Директорката. Има ли соодветен збор за некадарен манупулатор, малтретатор, инпровизатор, ментален силеџија, а сето тоа да означува некој кој бил УПОТРЕБЕН, некој со кого си го избришале ЅВЕЗДЕНИОТ ПАТ, и некој кој УНИШТИЛ бројни семејни пријателства и детски игри, за да биде именуван за бедно директорче? Замислете, кој баласт е вакви кавалификации да ви залепат родители и со нив да ПРОСПЕРИРАТЕ? И пак за зборот. Има, ама ако го спомнам, оние од Дрисла ќе ми забележат дека им се мешам во надлежноста.

            Ах, Блаже, Блаже Конески, зошто ли толку те величаат кога не си се потрудил да ја видиш ИДЕЈАТА, и да ја развиеш. Така, мораме денес да се расфрламе со БЕК ФИТ, БРИФИНГ, ТАЈМИНГ, МОБИНГ, како инаку би се чувствувале Европејци? И колку да знаеш, од твојот Литературен македонски јазик нема ни Л. Во тоа предничат оние за кои повторно, не си изумил збор, а кои во ова наше време се викаат ЛЕПАЧИ НА ПЛАКАТИ, оти денес тоа е најпрофитабилната професија. Обично се бескрајно интелктуално боси, ама ДИПЛОМИРАЛЕ со СВЕТЛОСНА БРЗИНА, исто како што се вивнале и во кариерите.

            Е дел од нив седат и во Парламентот на Република Македонија. Некои од нив има вредни луѓе, некои се македонски пратеници, некои се пратеници во македонскиот Парламент, некои се заскитани од немај каде…… Ама, пак проблем. Како сега да ги разграничам, лесно со ПРОСТА и СТРОГА македонска РЕЧ?

            Бидејќи нема, ќе генерализирам“.

Овде завршува дел од мојот текст од 2012 год., а до денес се не бев сетила на него. Искрено, мислев ќе остане запретан во некој ќош на мојот компјутер.

Во тоа ДПМНЕ-јско време, една вивната во сопствените величини, директорка, објаснуваше дека таа е педагог, била соодветно обучена за да се грижи за за нашите деца.  А од педагог, немаше цртка од П, бидејќи наместо зад интерсот на децата, застана зад желбите на некоја си „кадар“ за со таа „кадар“ да си обезбеди директорско место. А децата? Колатерала.

Еве денес, повторно чувствувам „надворешна грижа“ за моите деца.

Дниве, повторно образованието во центар на вниманието во Македонија. И повторно, по лошо. Можеби и најлошото што досега сум го нотирала, како флека во образовниот процес од кога знам за себе.

Јас ја нареков, ОЗАКОНЕТА ДИСКРИМИНАЦИЈА на нашите деца.

Да се случуваше ова во друга држава, а не смее да им се случи, сите оние кои се застапуваат за физичко присуство на часови за нивните деца, ќе беа деноноќно по улиците заедно со нивните деца на чело со УЧИТЕЛИТЕ.. Но, кај нас, што би рекле старите „страв лозје чува“. Или подобро, „наведната глава сабја не ја сече“. Или, можеби најдобро, „кубирата се чува за зло време“. Се разбира, сето ова како карактерна особина на некои.

Вчера (4. 05. 2020 год.), со пријателка, бевме во Куманово на протестот на учениците кои сакаат да одат во училиште и објаснуваат дека немаат можности да следат настава на интернет. Замислете, деца протестираат да учат во училиште, онаму каде што од 1 Октомври 2020 год., учат децата од прво до трето одделение. И, наместо да се засрамат најповиканите властодршци за оваа состојба, се јавија нивните измеќари да плукаат и да ги бербатат децата што јавно кажаа дека немаат можност да купат компјутери за да ги исполнуваат желбите на владеачите. Но, на собирот на учениците во Куманово не се појави ниту еден наставник, да застане рамо до рамо сонив, да ги каже сознанијата за нивните проблеми.

Пред една седмица, сакајќи да видам дали се сеќавате на вашите први учители/ки, пуштив едно такво прашање на две места. На мојот личен ФБ профил, и, на групата ИНИЦИЈАТИВА НА РОДИТЕЛИ ЗА УЧЕБНАТА 2020/2021.

            Многумина ги пишаа имињата на нивните „втори мајки“ или „втори татковци“. Тоа мене ми говори дека тие луѓе внеле дел од себе во вас. Некои пишаа дека имале лошо искуство во детството со овие „втори родители“, ама бројот е минимален.

            И да се вратам на мислата. Секој од нас посвети дел од своето време, да го напише барем името на својот прв воспитувач, а некои својот коментар го дополнија со своите чувства искажани преку одредени форми. Тоа многу значи, па затоа кон крајот на текстот, ја давам листата на вашите први учители/ки онака како што сте напишале, без вашите ФБ идентитети. На починатите педагози вечен им спомен, на оние меѓу нас, поклон до земја за работата што ја сработиле/работат.

            Реално, мислата за оваа мини анкета ми беше во она што го има како прашање во еден одговор, кој, го давам во целост.

Elizabeta Lambevska

Љубка Лончар – Прекрасен педагог и човек! Ј.А. Коменски!!! Од 1-4 одд. Но, сегашното образование донесе некои нови текови! Ќерка ми од 1-5, смени 5 наставници, a син ми дури 7!!!! Кого ли они ќе памтат и на кого ќе се сеќаваат?!😟

Клучното прашање: Кого ли ќе памтат и на кого ќе се сеќаваат нашите деца?

Да се вратам на почеток. Од 1 Октомври 2020 год.,, според мене, децата во Македонија се ДИСКРИМИНИРАНИ по многу основи, а поради едно лито и исклучително навредливо објаснување. ТИЕ, од Министерствата, се грижеле за здравјето на нашите деца. Но, за децата од прво до трето одделение не се грижат оти за нив има настава во училиштата. Секако и  детето на министер/ката за образование и наука замина свечено со мама во училиште. И според ова, таа повеќе се грижи за здравјето на нашите деца отколку за своето. Што мене ми зборува тоа?

Во училиште одат најкревките деца во популацијата од училишна возраст. Првачињата треба да стекнуваат навики и да се приспособуваат на новата средина. Таквата адаптација и во нормални услови е долга тема која заслужува цела студија, а не пак во состојба на пандемија.

Или министер/ката не се грижи за здравјето на свето дете или за него важат посебни мерки на внимание во училиштето.

И, најреалната мисла која мене ми го објаснува ДИСКРИМИНАТОРСКОТО однесување на владеачите кон децата, приморани да седат пред компјутер за т.н. on-line настава, е финансискиот ефект кој треба некој да го реализира за сметка на детското, психичко и физичко здравје.

Иднината ќе покаже.

            Подолго време, преку социјалните мрежи, ја следам работа на

            На 1.10.2020 год. гледав една дебата за актуелниот проблем со образованието и наставата. Покрај другите, беше и еден просветен работник од Липково. (Погледнете на АЛСАТ М во емисијата Pruga drejt).

Чест да ти е да го слушаш.

УЧИТЕЛ, а не учител.

Е, на тој УЧИТЕЛ сигурно ќе се сеќаваат учениците и ќе живее во приказните: „Самет Јахиу, учителот што застана зад нас кога властите не дискриминираа“.

Список на вашите учители/ки:

Славка Видаковиќ ,ОУ. Ленин скопје

Горица Калешова оу 29 Ноември или Војдан Чернодрински

Секако,Слободанка Шуменковска во ООУ „Кочо Рацин„

Ljubica OU,,VANCO PRKE,, STIP

NADA MARKOVSKA, OU DOSITEJ OBRADOVIC BUTEL 2

Dobrila Stefanoska O.U ..Koco Racin..Prilep

Цвета Угриновска, ОУ ” Стив Наумов ” Скопје

Сребра Јовановска О.У.,, Иван Горан Ковачиќ” Скопје

Da Gurga Sokolova, duri sekogas koga mozam ja posetuvam Sega e vo penzija,nezaboravna licnost,placev za nea koga zavrsiv 4 odd

Зора Главинец, отпрвин во Учителска школа – Вежбална, потоа во „В. И. Ленин“.

Лазаринка Данева. Уч.Кирил и Методиј – Штип

Иванка Јованова ОУ “Мирче Ацев” Ск

OU “Kole Nedelkovski” gen. 1970-1978 ucitelka Divna Trajkovska.

Danica Mrmevska OU Kole Nedelkovski Skopje

Katerina Brajkovska – Ruza, (partizansko) OU Vera Ciriviri Trena

Никогаш нема да ја заборавам Ирина Кочишка (Русинка по потекло)…сите до еден не третираше како да сме нејзини родени деца.

Никогаш нема да ги заборавам и нејзините тага и солзи кога во Крагуевац ни кажуваше дека помеѓу другите,тука бил стрелан и нејзиниот татко.

Но тоа беа некои поинакви времиња во кои живееа поинакви луѓе.

Da se sekavam jas imav nastavnik,se vikase Aleksandar site go vikaa Aco.Za zal toj ne e poveke so nas.Bese prekrasen nastavnik.

Jas imav nastavnik od prvo do tretto Trajko Sanev vo cetvrtto Dance Mickova vo Vanco Prke Stip

Dafinka

Radmila i Mladena

Gordana Ilija Gramatikovi, ucitelka za pofalba za nase vreme pred se da socuva disciplina a i znaenje poz

Марија Гелева, најдобрата учителка, ОУКрсте Мисирков, Сингелиќ

Vukica Petkova, најдобрата…

Nada Sarafimosak prvo i vtoro oddelenie,a Naume Eftimoski vo treto i cetvrto oddelenie

Cvetanka Dimova 🙂

Љупка Ристова Штип прекрасен наставник од неодамна не е помеѓу нас

Pestaloci: Vukica – prekrasna zena, nastavnicka, pedagog… ne sakase kako svoi deca.

Mojata prva ucitelka Violeta Petrovska, najdobrata ❤

Мојата прва учителка од прво до четврто се вика Ружа Јовановска

Некои деца ќе ја викаат Cortana….

Zabavace-ucitelka Vita, Prvo odd. – ucitelka Carka

Ратка Карова…❤️❤️❤️

Nevenka Atanasovska

Како би ја заборавил првата наставничка. Добрила Ајтовска, строга, но секогаш праведна !

Љубка Лончар – Прекрасен педагог и човек! Ј.А. Коменски!!! Од 1-4 одд. Но, сегашното образование донесе некои нови текови! Ќерка ми од 1-5, смени 5 наставници, a син ми дури 7!!!! Кого ли они ќе памтат и на кого ќе се сеќаваат?!😟

Slavica Naumceska najdobrata nastavnichka 🤗🙂

Rada Kitanoska od Prilep 😊

Dimceski Dimce ou. Koco Racin Prilep

Дончо Ацески од Прилеп ❤️🍀🌸

Da, sekako cel zivot ke ja pametam. Bojanka Atanasova, za zal veke pokojna

Рилка Неделкова

Марија Јорданова, мелем од учител ❤

Da se sekavam na mojot ucitel Jane Janev Kavadarci

Ou Straso Pindzur

Zaklina Trajkovska i Slavica ❤️🤩💜

Rodna Stankova mojata prva ucitelka

Владо Станоев..страв и трепет бидејќи секој ученик го знаеше стапчето што го носеше сокриено во ракавот, одамна починат, но жив во нашите сеќавања.

Dimitra

Sime Milevski

Od gradinka ucitelkata Fance, a od osnovno Draga Zdravkovska

Marga – osnovno uciliste Partenie zografski

Da na Milica od OOU Krum Tosev Trubarevo Skopje ..a sega i jas ja rabotam iststa profesija vo koja sto sum beskrajno zaljubena😊

E sega nastavnickite odat so goli cicki i so pirs na pupakot ,e zatoa sme tamu kade sto sme!inaku mojata nastavnicka se vikashe Ilinka i bese katilj!

Roza Vasilevska

Dance nikolovska

Нада Лошанска. И ден денес ги памтам повеќето животни лекции од неа. А гласот сеуште свеж во умот. Пример за наставници беа тоа. Од кодекс за облекување, став, и почит кон својата професија. 💖

Снеже Милошевска 😊

Ruska Petrova nezaboravna! ❤️

Dragica Divanisova mnogu si ja sakavme

Vilma Arsova 🍀❤️

Blaga Stojanova

Лидија Тушеска 💜Најдобрата учителка

Milush Pacemski.

O.U Goce Delcev

s.Sushevo-Strumica.