Уште еден мигрантски камп во Грција ставен во карантин

Втор објект за мигранти во Грција е ставен во карантин, откако е утврдено дека еден мигрант од Авганистан е позитивен на коронавирус, пренесува Би-БИ-СИ.

Пред три дена сличен објект каде престојуваат баратели на азил беше ставен во карантин откако беше утврдено дека 23 баратели на азил се заразени од коронавирус.

Во најновиот случај, 53-годишен Авганистанец кој престојувал во кампот Малакаса заедно со стотици други лица, е заразен од овој вирус.

Десетици илјади баратели на азил живеат во тешки услови во грчките кампови.

Пациентот од Малакаса е однесен во болница во Атина и кампот, кој се наоѓа на околу 40 километри северо-источно од грчката престолнина, е „целосна санитарно заклучен“ за период од 14 дена.

Другиот погоден објект, Рицона, околу 75 километри северо-источно од Атина, е под карантин од четвртокот, откако една жена излезе позитивна на тест за вирусот корона.

Нема потврдени случаи на вирус во кампови на пет грчки острови, каде што живеат околу половина од сите баратели на азил.

Фото: АФП