На специјалната Олимпијада на Светските игри 2019 во Абу Даби нови два медали за Македонија.


Атлетичарот Ардијан Шабани предводен од тренерот Ифраим Лута освоија два медали во две трки, сребро на 25 метри и бронза на 50 метри.

Претходно,  Марио Мицковски и Стефан Трпковски се закитија со златни медали во пливање на трките на 50 метри слободен стил. Трпковски исплива со време 1:12 минути, додека Мицковски имаше време од 53 секунди.