Уште една шанса за спорните гласачи

Државната изборна комисија ги известува граѓаните кои при пребарување на Избирачкиот список не се пронашле по ниту една основа, име и презиме, матичен број од лична карта или адреса, да проверат дали се на листата граѓани чии што записи во избирачкиот список останале спорни.

Доколку се пронајдат во оваа листа, а за да го остварат своето гласачко право, имаат можност да се пријават во ДИК во текот на Јавниот увид во Избирачкиот список, кој ќе трае 15 дена.

ДИК најдоцна 10 дена од денот на распишување на изборите, ќе го стави на јавен увид Избирачкиот список.

izvestuvanje-23-09-2016