Уште едно дете изврши самоубиство во Србија

14 годишно момче од српското село Равни крај Ужице, извршил самоубиство во дворот од семејната куќа, потврди српската полиција.

Неговото беживотно тело е пронајдено во помошните простории од куќата.

Минатиот месец 12 годишно дете изврши самоубиство во околина на Медвеѓе пукајќи си во глава со пиштолот на неговиот татко.

Минатата година исто во февруари, со бесење се самоуби деветгодишно дете од Обреновац.