Уште 600 милиони евра за Турција

ЕУ одобри уште 600 милиони евра помош за справување со мигрантската криза во Турција.

Според Димитрис Авромопулос, комесар за имигрантски прашања, овие пари се наменети за турската влада за справување со новиот наплив сириски бегалци.

Според ЕУ, од клучна важност е придржувањето до договорот со Турција, како и спречување на неконтролиран прилив бегалци.

Аврамопулос ги повика земјите членки на ЕУ да ги спроведат договорените квоти за прием на мигранти, како и депортирање на оние кои не ги исполнуваат условите за азил.

Парите од новата транша се наменети за здравство и образование на новопристигнатите, но и оние неколку милиони што се веќе стационирани во Турција.

Комесарот Јоханес Хан пак во Брисел изјави дека ЕУ ќе се придржува кон договорот со Турција, под услов таа земја целосно да го контролира илегалниот прилив на мигранти кон Грција и ЕУ. Договорените 3 милијарди евра ќе овозможат здравствено и образовно згрижување на најмалку 500 илјади деца бегалци, стационирани во Турција.