Фаворитот на Гошева нов Претседател на Уставен суд

Никола Ивановски е новиот Претседател на Уставен суд. Тој важеше за главен фаворит на досегашната претседателка Елена Гошева чиј мандат завршува на 1-ви ноември. Таа дојде во пакет со Ивановски за судија во Уставен суд во 2012 година и само по шест месеци беше избрана за негов Претседател.

За нејзиното работење има бројни забелешки, од тоа дека е продолжена рака на брачниот пар Маневски, а со тоа и на Никола Груевски, дека го урниса нивото на Уставен спроведувајќи партиски нарачки, со оглед на тоа што нејзината независнот беше доведена во прашање заради низа судири на интереси. Имено, нејзината ќерка Слободанка Гошева -Гиевска е високо позиционирана во ВМРО ДПМНЕ, имаше сомнителна улога во операцијата ПОПИС, а е во брак со Игор Гиевски, исто така висок функционер на партијата.

Под палката на Гошева се направи скандалозната операција на прогласување за уставна категорија, а потоа за неуставна, на исто така скандалозните помилувања на врхушката на ВМРО ДПМНЕ од страна на Ѓорге Иванов злоупотребувајќи ја претседателската функција, а по објавувањата на првите обвинувања за злоупотреба и криминал од страна на СЈО.