Фактор: УЈП ја блокираше сметката на 1ТВ

Порталот ,,Фактор“ објави дека УЈП, најверојатно, според нивни сознанија, ја блокирале сметката на телевизијата на Бојан Јовановски, познат како Боки 13.

Во текст со наслов ,,УЈП ја блокираше сметката на 1ТВ?“, Фактор пишува дека Управата за јавни приходи ја блокирала сметката на 1 ТВ. Веста засега не е потврдена, но според информациите до кои дојде „Фактор“, даночниците сметката ја блокирале уште вчера.

Од ,,Фактор“ утрото побарале одговор од УЈП,  дали и зошто е блокирана сметката на телевизијата на Бојан Јовановски.

1 ТВ почна да зрачи во етерот во март 2018 година, година и половина подоцна телевизијата се соочува со блокирана сметка.

Инаку, на отворањето на телевизијата присуствуваше речиси цела Влада. “Нова платформа, нов медиум -беше официјалната најава за телевизијата, а од новинарските имиња кои се во телевизијата се познатите – Ацо Кабранов, Анета Кочишки, Гордана Дувњак, Александар Чомовски, Борјан Јовановски, Јадранка Костова и други, пишува Фактор.

Целиот текст овде:

https://faktor.mk/ujp-ja-blokirashe-smetkata-na-1tv

Инаку, сопственикот на Плусинфо, Бранко Героски, објави текстови во кои во двосмислено прераскажува за рекетирањето на фирми и бизниси од страна на еден сопственик на еден медиум и негови ,,другарчиња“ од владејачката партија.