Говорејќи на македонски и на англиски, Македонци од  Австралија се собраа и протестираа пред Генералниот Конзулат во Мелбурн против ,,Тиранската платформа“ и ,,За заедничка Македонија“. На собирот можеше да си видат и луѓе кои во раце држат фотографии од Ѓорге Иванов и од Никола Груевски, транспаренти, државни македонски знамиња, но и знамиња со 16-крако сонце.

Како што известува австралискиот портал на македонски јазик Фаланга, на собирот зборувале Живан Рендев, Ацо Шапкароски, Су Џристов Каракалтсас, а со своето присуство ги ,,почестил“ Александар Шапкароски, претседател на Антички Македонци од Перт. Видеото во продолжение е преземено од портал Фаланга: