(Фото:Роберт Атанасовски, Скопје 31.01.2018)

Вчера, голем дел од светот беше сведок на три небесни феномени, појавата на големата Месечина опишана како крвава сина супермесечина.

Овој спектакуларен феномен ги преплави социјалните мрежи и медиумите со преубави фотографии.

Македонскиот професионален фоторепортер со меѓународна репутација, Роберт Атанасовски, на својот ФБ профил постави неколку свои фотографии, кои ја воодушевија ФБ заедница. Една од тие фотографии е насловната за овој текст.

Ема Кушевска, која доби многу признанија за својата страст кон фотографирањето на моментот, својата богата колекција , ја збогати и со овие неколку фотографии.

Image may contain: sky, night, water and outdoor
(Фото: Ема Кушевска, Охрид 31.01.2018)

Ваков природен феномен , три во едно, не е забележан во последните 150 години. Според некои тврдења. Но, сепак науката вели дека всушност се работи за обично помрачување, а појавата на крвава или сина Месечина се само во песните и стиховите.

Тоа е всушност астрономски феномен, кој заедно со совпаѓањето на син и супер месец, ја направи оваа глетка речиси волшебна. Астрономите велат дека последен пат овој феномен се појавил пред 36, а не пред 150 години.
Помрачувањето на Месечината се случува кога таа е полна и кога Земјата ќе се најде меѓу Сонцето и Месечината, во моментот кога трите небесни тела се во иста линија.
АКО.мк