На ФБ е објавена страшна и скандалозна снимка, која покажува како всушност се прават неброените диви депонии низ цела држава.

Во Трнодол кај така нареченото Шпанско село, неколкумина совесни фатија на дело неколкумина тотално несовесни. Несфатливо неодговорни и безобразни.

https://www.facebook.com/o2inicijativa/videos/390642558746943/

,,Ќе преземат ли надлежните институции нешто, ќе пуштат ли инспектори, патроли и редари, ќе ги разлетаат ли дроновите за да ги документираат прекршителите или ќе остават граѓаните да почнат вербално и физички да се пресметуваат со загадувачите, бидејќи очигледно сите имаме црвени линии, а вакви ликови во комбинација со неактивните институции, веќе сериозно ни зацапале во црвеното поле на толеранција“-прашуваат од О2 иницијатива.

Сторителите и регистарска табличка

„Ова во моментов се случува во долот помеѓу Трнодол и Шпанско Село!Град СкопјеОпштина КарпошПетре ШилеговStefan Bogoev Министерство за животна средина и просторно планирање До кога вака ќе дозволувате? Кај се инспекциите? Кај се казните? Цел дол ни е депонија од вакви!“-се вели во објавата во прилог на видеото.