Фатени на дело во обид да го демолираат зелениот покрив на ГТЦ(видео)

,,Во текот на вчерашниот ден го најавив завршувањето на зелениот кров на ГТЦ и види чудо, одеднаш, некои ,,чудни сили” решиле ноќеска да направат обид за негово демолирање.

Сторителите се фатени на дело, приведени и предадени во полиција.

Јас, заедно со Вас почитувани, ќе бидам упорен во борбата за овој град да стане поубав и попристоен, а “чудните сили” нека тераат. Осудени се на пропаст“-објави градоначалникот Петре Шилегов.