Федерер го освои отвореното првенство на Австралија

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер ја освои петтата титула во кариерата на Аустралијан опен, откако во финалето го совлада Шпанецот Рафаел Надал со 6:4, 3:6, 6:1, 3:6, 6:3.

На Федерер ова му е петта титула на Аустралијан опен, прва од 2010. године. Со ова тој стана прв тенисер кој трите најголеми турнири ги освојува по пет и повеќе пати.

Надал ја пропушти шансата да го добие својот 15 гренд селм трофеј во кариерата.

Денешното финале во Мелбурн беше 35 дуел меѓу двајцата врвни тенисери, а Федерер ја запиша 12 победа во меѓусебниот скор.

Ова беше финале какво што очекуваа многумина, откако бранителот на титулата Новак Ѓоковиќ беше елиминиран во второто коло од турнирот.