Еден од најдобрите тенисери во светот, Роџер Федерер ги коментораше поразите на Новак Ѓоковиќ на првите два Мастерс турнири од серијата 1000, Индијан Велс и Мајами.

Ѓковиќ по освојувањето на Австралија опен, имаше два неуспешни турнири и го привлече вниманието на светската јавност, Ѓоковиќ во една своја изјава потенцираше дека има многу причини што му го одвлекуваат вниманието од теренот и дека тоа му пречи да постигнува добри резултати.

Федерер за состојбата со Ѓоковиќ вели дека тоа не е ништо ново, во животот се случуваат разни работи кои влијаат на формата, играта…

Можеби постојат некои недоразбирања со спонзорите или менаџерите, навистина не знам. Такви работи можат да ви ја одземат енергијата и да влијаат на фокусот, можеби тоа е нешто што го пореметило. Не знам што точно мислел со изјавите но тоа е ситуација со која сите се соочуваме, и ја симав такви периоди – изјави Федерер.