Роџер Федерер по 79 минути игра го победи Петер Гојовчук од Германија со 6-1 и 7-5 и обезбеди пласман во 1/16 финалето на Индијан Велс, прв Мастерс од серијата 1000 годинава.

Федерер имаше посериозен тренинг против Гојовчук кој пружи сериозен отпор само во вториот сет. Федерер со ова ја запиша 63 победа на Индијан Велс . Противник на Федерер во третото коло ќе биде Стан Вавринка.

Во следната трета рунда се пласираа и Рафел Надал по победата над Доналдсон од САД со 6-1 и 6-1, Кеи Нишикори, Мартин Чилиќ и Стан Вавринка.