Федерер склучи 10 годишен договор со јапонската ,,Уникло“ за 300 милиони долари

Роџер Федерер ги започна натпреварите на Вимблдон со нова спортска опрема.

Тој склучи договор со јапонската фирма за спортска опрема ,,Уникло“, и во наредните 10 години ќе биде нивен ексклузивец, што значи и кога ќе оди во тениска пензија.

Овој договор тежи неверојатни 300 милиони долари, а сумата ја објави  Тадаши Јанаи, раководител на продажен центар.

Федерер ја прекина соработката со Најки, која траеше од 1996 година.

,,Уникло“ стана светски позната кмпанија по договорот со српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој беше претходно нивен ексклузивец.

 

Izvor> ESPN