Федерика Могерини денеска во посета на Скопје?

Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини, како што известува РТС, денеска ќе престојува во Македонија. Според српската државна телевизија, Могерини доаѓа во Скопје на денот кога лидерот на СДСМ Зоран Заев ќе го побара мандатот за состав на Влада од Претседателот Ѓорге Иванов, кому ќе му ги предаде 67-те потписи на пратениците со кои обезбеди мнозинство.

Претходно, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан соопшти дека ЕУ очекува Иванов да му го додели мандатот на Заев согласно Уставот.