Федерика Могерини побара Иванов да го додели мандатот на Заев(видео)

На прес конференцијата по завршување на средбите со политичките лидери на парламентарните партии и со Претседателот Ѓорге Иванов , високата претставничка на ЕУ за надворешна политика рече дека се исполнети сите услови да се додели мандатот на партијата што обезбедила мнозинство. Таа кажа дека ЕУ очекува Иванов да ја повлече претходната одлука и и да му го додели мандатот на Зоран Заев. Таа изјави дека е исполнет условот од членот 90 на Уставот на РМ и секое одложување на звршување на неизвесноста не и носи добро на земјата. Могерини порача дека е опасно да се разгоруваат меѓуетничките тензии и ги повика политичарите на одговорност.

Могерини исто така истакна дека имала долг разговор со Претседателот Ѓорге Иванов и порача дека ЕУ е отворена за Македонија.

Видео:АлсатМ