Фенербахче ужива во понудите за Елиф Елмас кој очигледно ќе биде вистински хит во преодниот рок, сепак клубот од Турција, најавува дека сака „дијамантот“ да остане и следната сезона во нивните редови.

Турските медиуми тврдат дека Фенербахче му понудил на Елмас годишна плата од 1 милион евра за да остане во клубот. Официјално, сега годишната плата на Елмас е 400.000 евра, ако се точни тврдењата на медиумите блиски на Фенербахче, јасно е дека турскиот тим со оваа понуда сака да ја зголеми цената на Елмас на трансфер берзата.

Фенербахче е во финасиска криза, но има понуди од барем пет клуба од Европа кои го сакаат потписот на Елиф Елмас, избор има, прашање е цената, секако , се прашува и македонскиот репрезентативец кој изрази желба да стане дел од Реал Мадрид.