Фернандо Јеро ќе ја предводи Шпанија на Мундијалот во Русија

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и шпански репрезентативец Фернандо Јеро ќе ја врши селекторската функција за време на Мундијалот во Русија. Јеро доаѓа на клупата на Шпанија по денешното разрешување на Хуан Лопетеги кој тајно преговараше со Реал Мадрид каде ја доби тренерската функција.

Досега Јеро беше спортски директор во Фудбалскиот сојуз на Шпанија. Тој има скромно тренерско искуство. Беше на клупата на Овиедо во сезоната 2016/2017.

Поранешниот светски шампион на Мундијалот во Русија ќе игра во Б-групата заедно со селекциите на Португалија (15 јуни), Иран (20 јуни) и Мароко (25 јуни).