Фетаи до Михајлова: Не дојдовме да видиме колку сте убава

Вистински театар со високи тонови и попречување во збор, се случуваше на денешното трето подготвително рочиште за судењето на насилствата пред општина Центар во 2013 година. Обвинетиот Никола Груевски влезе низ споредниот влез на судот-пишува Сведок.

На почетокот од судењето обвинителката Фатиме Фетаи ја прозва судијката Татјана Михајлова дека е направен интелектуален фалсификат, со тоа што фактичката состојба од рочиштето одржано на 16 декември не коренсподира со записникот, поточно, на минатото рочиште јавноста беше исклучена во одреден дел од судењето, додека пак во записникот пишува дека била исклучена во сосема друг дел, рече обвинителката Фетаи.

Феати на судијката ѝ се обрати со зборовите „Не сум дојдена за да ве видам колку сте убава“.

Откако судијката ѝ го одзеде зборот на Фетаи и побара во записникот да влезе дека обвинителката нема елементарно познавање од правото, реагираше и Катица Јанева, која застана во одбрана на колешката. На судијката ѝ рече „Не знаете да водите запсиник“!

По ова судијката им изрече парична казна од 1000 евра, па по неколку минути уште  1000 евра за непочитување на редот во судницата. По излегувањето од судницата, обвинителката Фетаи рече дека „со задоволство ќе ја плати казната“.

Судијката Михајлова ги упати обвинителките ако имаат забелешка да поднесат кривична пријава. Фетаи се обрати повторно кон Михајлова со зборовите „Вие немате елементарно познавање од правото“. Не ја заслужувате функцијата судија, уште помалку претседател В.Д.“.

Инаку, покрај Никола Груевски од  останатите обвинети на судењето присуствуваа: екс-министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, советничката и нова пратеничка во Собранието, Даниела Рангелова, Томислав Лазаров, Александар Трајковски, Даниел Трифуновски, Трајче Петков, Борче Богдановски и останатите, а тројца обвинети беа отсутни.

Фото: Сведок