Фејсбук отстрани тролови од Македонија платени да шират лажни вести за пандемијата и вакцините

Т.н. тролови платени вмрежено да шират лажни вести на Фејсбук, изминатиот период се откриени од управата на Фејсбук во Македонија и на Филипините, по што се отстранети од интернет сообраќајот.

Фејсбук вчера(петок) соопшти дека е отстранета една од најголемите платформи за ширење дезинформации за коронавирусот која била ,,хранета“ од т.н. фарми на тролови од Македонија и Филипини.

Троловите имаат задача да ги шират неговите текстови, во случајот на страницата ,,Природни вести“( Natural News), кои што најчесто содржат лажни информации за поврзаност на коронавирусот со 5Г, Бил Гејтс и хидроксихлорокин, пишува nbcnews.

Веб сајтот ,,Пландемија“ е еден од најголемите промотори на теориите за заговор и видеото за коронавирусот, во кое се тврди дека болеста КОВИД-19 е дел од планот на властите да ја контролираат популацијата преку вакцини.

„Ги отстранивме овие страници за спам и лошо однесување, а не за содржините што ги објавија. Тие ги доведоа во заблуда луѓето за популарноста на своите објавувања и се потпираа на фарми со содржини во Северна Македонија и Филипините “, се вели во соопштението на Фејсбук.

Од Фејсбук соопштија дека акциите се дел од нејзиното рутинско спроведување против ширењето лажни вести. Меѓу другите нередовни однесувања, „Природните вести“ ја објавија својата содржина на невообичаено висока фреквенција, обидувајќи се да ги избегнат ограничувањата , со што ефикасно ги привлекоа алармите на спам на Фејсбук, соопшти компанијата.

Официјалната страница ,,Природни вести“ беше забранета од Фејсбук минатата година, но страницата ја избегна забраната објавувајќи содржини во групите за дезинформации брендирани во „Вести“, под наслов „Неверојатни лекувања“ и „ГМО опасности“, на кои имаше стотици илјади следбеници.