Филипини: За првите 100 дена убиени 3.700 луѓе

Претседателот на Филипини, Родриго Дутерте, во предизборната кампања вети дека беспоштедно ќе ги убие сите кои имаат врска со дрога.

Според извештаите, за три месеци се убиени 3.700 лица, а 26 илјади се уапсени.

Неколку илјади сами дошле во полициска станица да се пријават од страв дека ќе бидат убиени на улица или во своите домови, пренесуваат хрватски „Дневник“.

Во војната со нарко-мафијата Родриго Дутерте не штеди никој – ангажирани се убијци на мотори, ескадрони на смртта кои формално не постојат, но се знае дека се под ингеренција на претседателот, или работите ги решава полицијата.

Дрогата е голем проблем на Филипини каде што само од таблети се зависни 3,7 милиони луѓе.