Филиповиќ – Силва на 29 декември

Хрватот Мирко Филиповиќ потврди дека влегува во рингот со Вандерлеј Силва од Бразил на 29 декември. По победата против Кореанецот Мајунг, Филиповиќ го предизвика Силва од публиката и побара од организаторот да ја потврди нивната борба.

Филиповиќ и Силва ќе ги вкрстат ракавиците во отворена категорија во две рунди.

„Ништо тука не се случи спонтано. За се е виновен Вандерлеј кој ме прозва на прес-конференција летово, кога непредизвикан од ништо и од никого рече дека сака да се бори со мене. На организаторот ова добро му дојде и ми сугерираа да го повикам Силва на пресметка“, изјави Филиповиќ.

Ова е трет пат Филиповиќ да се сретне со Силва.

Засега има едена нерешен резултат и еден брутален нокаут.