,,Ова се дел од моите колеги кои неуморно работат на пунктовите за тестирање. Од нив зависи јавното здравје, од нив зависат нашите животи. Одговарајте точно на прашањата на лекарите и епидемиолозите – со тоа го штитите вашето, но и нивното здравје.
Оваа борба зависи од секој од нас. Сега, како никогаш досега, треба да покажеме одговорност“-објави министерот за здравство, Венко Филипче.


,,Им благодарам на сите колеги кои го вложуваат целиот труд.
Им благодарам на сите граѓани кои доследно ги почитуваат препораките и мерките.
Издржете, ќе ја пребродиме оваа криза и ќе излеземе посилни“-порача министерот Филипче.