Филипче најави уште двесте места за ковид пациенти

На состанокот со директорите на скопските клиники, министерот за здравство најави дека е во тек обезбедување уште на 200 кревети за ковид пациенти. 100 на државните клиники и 100 во приватните болници.

,,Во моментов околу има 500 легла во ковид центрите во Скопје, со план за дополнителни 100 кревети на Клиниката за уво, нос и грло, и на хируршките клиники. Дополнителни 100 кревети ќе се обезбедат и од страна на приватните болници. На работниот состанок со колегите од хируршките клиники и ковид центрите на интерните клиники разговаравме за реализација на новиот ковид оддел во склоп на ТОАРИЛУЦ. Тој ќе биде активиран ако за тоа има потреба, согласно епидемиолошката состојба во државата и бројот на пациенти кои бараат хоспитализација“-најави Филипче.