Филипче: Најверојатно кон средината на ЈУНИ ќе се отворат македонските граници

Министерот за здравство, Венко Филипче, во интервју на ТВ 24 рече дека кон средината на јуни ќе се отворат македонските граници целосно.

,,Границите треба да се отворат на еден синхронизиран начин со соседите. Во Србија и Босна и Херцеговина изминатите денови има пораст на заразените. Ние разговаравме со Грција, разменивме искуства, каков е таму бројот на пациенти. Има некои отворени прашања кои се многу битни. Прво, дали ќе се бараат тестови кога границите целосно ќе бидат отворени, каков ќе биде третманот ако евентуално некој ќе се разболи таму од Ковид 19. Разговаравме да се олесни практично преминувањето на граничните премини, за да нема многу чекање…го чекаме официјалниот став на Грција во текот на идната недела. Мислам дека е прерано сега да ги отвориме границите“-рече министерот Филипче за ТВ24.

Филипче рече дека кога ќе се отворат границите и аеродромите граѓаните ќе можат секаде да патуваат, но притоа ќе мора да се придржуваат кон прописите и протоклите, како и кон мерките за заштита од КОВИД 19.