Филипче: Ова се трите клучни мерки кои може да го сопрат ширењето на вирусот

,,Заштитната маска, одржувањето на физичка дистанца и миењето на раце се клучни во борбата со ковид-19. Во моментов, тоа се единствените мерки кои може да го стопираат ширењето на вирусот. Ризикот кој го носи есента е сериозен аларм дека мора доследно и во целост да ги почитуваме мерките за заштита. Да бидеме одговорни и совесни, за себе, за нашите најблиски“-потсети утрината министерот за здравство, Венко Филипче.