Филипче очекува смирување на бројката на заразени за време на викендот

Министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека вакви бројки на новозаразени како денешните или слични, може да се очекуваат и во наредните два до три дена, а кон крајот на неделата, односно за викендот, ситуацијата ќе се смири, вели Филипче.

Тој ова го базира врз основа на досегашните искуства, бидејќи се во тек епидемиолошките анкети на заразените, потоа следува лоцирање на сите лица со кои биле во контакти и нивно тестирање.

Ист таков бил случајот во Сарај. Денеска таму има само двајца позитивни на коронавирус, со што се исцрпени и затворени контактите меѓу заразените и потенцијалните нови случаи.

Новозаразените од коронавирус се од познати кластери,а околу 70 отсто од нив се од Чаир и Сарај.

,,Добар дел од заразените пациенти остануваат дома и здравствениот систем и со овој бран добро ќе се справи. Голем дел од новите заразени се кога имаше ограничување на движење и податоците кои ги даваат покажуваат дека има прекршување на мерки во движење и собири, односно биле на семејни собири и не носеле маски. Од епидемиолошките анкети може да се заклучи дека речиси сите што се новозаразени не се придржувале кон мерките“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Тој рече дека ние мора да се враќаме во нормален живот и да сфатиме дека вака ќе функционираме во иднина. Според некои светски проекции се очекува ваков или сличен начин на живот до 2025 година, вели Филипче.