Филип Темелковски е кандидат за градоначалник од СДСМ за Кисела Вода

,,Вечерва работиме на програмата за претстојните избори. Како што ветив, вашите проблеми, идеи и потреби ќе бидат приоритет во следниот мандат на новата локална власт“-напиша Филип Темелковски на својот ФБ профил, објавувајќи ја официјално својата кандидатура за градоначалник на Кисела Вода.

,,Јас како иден градоначалник од редовите на СДСМ ветувам суштински промени и посветена работа на клучните проблеми со кои се соочуваме.
Наредните четири години ќе ја подобрам инфраструктурата и ќе воспоставам ред во урбанизмот и сообраќајот. Ќе се фокусираме на изградба на нови паркови и нови зеленила, приоритетот ќе биде поздрав живот и поквалитетен воздух за сите нас.
Во изминатиов период ги слушнав вашите проблеми кои од вечерва се преточуваат во програма.
Од вечерва работните групи ги разгледуваат најдобрите решенија за вашите проблеми.
Нека ни е со среќа.
15 октомври е блиску, ќе работиме заедно за посветла иднина“-напиша Темелковски.