Денеска наарената „Тодор Проески“ во Скопје со почеток од 18 -30 часот се игра финалето на националниот Куп на Македонија во фудбал.

Македонја Ѓ.П. против Академија Пандев, тимот од Скопје има една титула, екипата од Струмица е во своето прво финале.

Ова е 27 финале кое с еочекува да донесе интересен и возбудлив фудбал. Двете екипи се подготвени и силно ја посакуваат титулата.

Александар ТАНЕВСКИ – Македонија Ѓ.П.

„Се работи за два тима што имаат обезбедено по нешто во првенството, ние опстанокот, Академија Пандев настап во Европа. Предност е што и двете екипи играат отворен фудбал. Го посакуваме трофејот, затоа што и за двете страни ќе биде добра шанса да освои трофеј. Како деца од Ѓорче, дојде нашето време да го вратиме пехарот во нашите витрини. Околу притисокот, моите фудбалери се подготвени на се. Докажаа наназад во првенството дека се работи за квалитетен тим. Ги добивме сите важни натпревари што ни беа потребни. Искуството е на наша страна, имаме играчи со четири до пет финалиња. Мислам дека на вакви натпревари се заборава притисокот и заморот. Академија Пандев игра допадлив фудбал. Можеби ќе треба да бидеме претпазливи, но нема да го менуваме стилот. Мислам дека тоа ќе ни донесе успех.“

Југослав ТРЕНЧОВСКИ – Академија Пандев

„Финалето од Купот на Македонија за нас е некој нов предизвик. Ние сме понеискусна екипа, меѓутоа имаме квалитетни фудбалери и играчи со потенцијал. Македонија Ѓ.П. заслужува целосен респект, се работи за тим кој игра отворен и допадлив фудбал. Задоволство ни е третото место во шампионатот, но уште поголем успех ќе биде пехар во Купот на Македонија. Ќе дадеме се од себе, подготвени сме за натпреварот и се надевам дека ќе победи фудбалот. Струмица е фудбалски град, многу фудбалери поминале низ неа, а ова е прво, исторско финале за Струмица, што ние сме посебно горди. Потајно имаме притисок, затоа што сакаме заедно да ја однесеме првата Куп-титула во Струмица, но не смееме да заборавиме дека Македонија Ѓ.П. елиминира фудбалски брендови и во составот има фудбалери како Остоја Стјепановиќ, Кировски, Божиновски и останатите кои имаат искуство и квалитет“.