Финансиска полиција поднесе кривична пријава против директорот на МРТ Марјан Цветковски

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против директорот на МРТ, Марјан Цветковски, за злоупотреба на службена положба.

Тој склучил штетен договор со комерцијална банка за кредит заложувајќи го целокупниот имот на јавното претпријатие, без притоа да побара дозвола од основачот, Собрание на РСМ.

Второпријавена е нотарката која го заверила залогот.

Во текот на 2015 ја злоупотребил службена должност и овластување со тоа што зел кредит од банка во износ од околу 140 милиони денари, а притоа склучил договор за залог на имотот на претпријатието во вредност од над 294 милиони денари без да добие согласност од Собранието.

Втората пријава е за претседател на Управен одбор на Те-то АД Скопје.